О Ограничувањата во оваа гаранција не ги ограничуваат Вашите законски права утврдени во македонските закони за заштита на потрошувачите. Оваа гаранција се обезбедува дополнително на Вашите постоечки потрошувачки права во Република Северна Македонија. Versuni дава гаранција на производот за недостатоци во материјалите и производството, во случаи кога производот се користи во согласност со упатствата за употреба и техничките спецификации, во период од 2 години сметано од денот на продажбата. Versuni нуди поправка во рок од 30 дена, или замена доколку не е возможна поправката. Доказ за купувањето и соодветно заверен гарантен лист од страна на продавачот се неопходни за остварување на правата.
Од ова се исклучени производите кои се купени како производи со недостаток. Потрошните делови, деловите подложни на абење и стаклените делови се исклучени од гаранцијата. Гаранцијата нема да се признае доколку дефектот се должи на несоодветно користење, лошо одржување ( на пример: на деловите има наталожено бигор) или доколку се правени измени или поправки од страна на трети лица кое не се овластени од Versuni. Дополнителните ограничувања на гаранцијата, доколку ги има, може да се најдат во упатството за употреба за производот. Не се дава гаранција при користење производи за други цели освен за домашна употреба!
Гаранцијата и пост-гарантната услуга е обезбедена или може да се побара во сите земји споменати во сивиот дел на првата страница од оваа брошура преку овластените сервисни центри. Во земји каде производот не го дистрибуира Versuni, јавете се на телефонските броеви на Одделот за услуги на клиенти наведени на првата страница од оваа брошура за повеќе информации.
Versuni Romania S.R.L., 46Д-46Е-48 Пиера пат, Канцеларија Орегон парк, Зграда Ц, 2-ри кат, соба бр. 1, 2 област, Букурешт 020309 Романија
ELEKTRO VIZIJA dooel
str.1615 no.4 Aerodrom, 1000 Skopje, North Macedonia Tel:+389 02 3135 115, Mob:+389 76 266 499